ЧПП

Одговори на најчесто поствувани прашања

Дали имате физичка продавница?

Да, сите производи се достапни и во нашата продавница на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50 (на самиот паркинг, веднаш до задниот влез во зградата на Промедика).
Контакт тел на онлајн продавницата и продавницата Брегли Креатив е 02 3 228 686, или мобилен 078 268-628.

Која е цената на испорака?

Сите пратки над 3000 ден. нарачани и доставени на територија на Македонија се бесплатни. За сите пратки под 3000 ден., се плаќа достава според избраната опција при нарачка.

Кој е начинот на плаќање?

Сите физички лица можат да извршат плаќање на сметка на нашата жиро сметка, при што ќе добијат фактура со пратката. Правните лица имаат опција плаќањето на нарачката да го извршат преку банкарски трансфер, по уредно доставена про-фактура/фактура.

Кое е времето на достава?

Нарачките направени до 09:00 часот во работен ден, се праќа истиот ден и пратката може да се подигне или достави до адреса наредниот работен ден.

Нарачките примени за време на викенд или државен празник ќе бидат испорачани следниот работен ден.

Дали ќе добијам сметка / фактура за мојата нарачка?

Се изготвува фактура за сите нарачки по уплатата на наша сметка од доставувачот, но доколку сакате посебна, може да назначите на нарачката.

Колку се безбедни моите податоци?

Bregli.com.mk обрнува големо внимание при собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, Bregli.com.mk  ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.

Вашата порака

    This form uses Akismet to reduce spam. Learn how your data is processed.