БРЕГЛИ дооел Скопје е регистрирана 2000 год. Основна дејност на компанијата е трговија со материјали за сито и тампон печат, како и техничка подршка на клиентите. Добавувачите кои ги застапуваме со својот рејтинг во светски размери гарантираат висок квалитет и доверба во производите, а нашата добра соработка со нив како и искуството во областа на графичката индустрија овозможуваат брзо и практично решавање на Вашите проблеми, организирање на семинари и работилници за Вашите вработени кај добавувачите, како и посета на клиентите од страна на врвни стручни лица.

Ексклузивни застапници сме на:

Компанија за производство на ласерска трансферна хартија со која може да се печати на секаква подлога.Нивните производи ги исполнуваат сите потребни стандарди за безбедност.

Марабу е германска компанија за производство на бои и адитиви за сито, УВ и тампон печат.

Компанија за производство на технички спрејови за индустрија, со широк спектар на аеросолни масла ,средства за чистење , репеленти, лепила , силиконски спрејови , цинк спрејови , заштитни и антирѓосувачи . Нивните производи ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и се безбедни за животната средина.

Компанија за производство на бои и адитиви за печатење во текстилната индустрија.

Светски лидер во производство на хартија.

Мултинационална компанија за производство на сито, машини за затегнување на сито, хемикалии,лепаци, емулзии и пропратни производи за графичката индустрија.