Do It е Универзален колор спреј базиран на синтетички смоли.Со колор спрејот do-it кој се користи директно од шишенцето,неверојатните идеи се претвораат во реалност.Со него можете да работите на хартија, картон, дрво, стиропор (целата палета боја спреј Do-it, со исклучок на сјај (170,173) и сјај металик (982,984) спреј се погодни за нанесување и на стиропор),стакло,камен,метал,керамика или суви природни материјали. Само по 10 минути од нанесувањето на спрејот,тој е сув и отпорен на допир,а малку потоа е и водоотпорен.Природните и разновидни спрејови на Марабу не само што се безбедни за употреба,туку се безбедни и за животната средина како и за озонската обвивка.За широк спектар на спреј наноси може да користите различни дизни за спреј.Нека вашите фантазии станат реалност!
Како се употребува:
1.Отстранете го безбедносниот прстен.Тој го спречува случајното прскање на бојата.Отворете го капачето на спрејот и извадете ја млазницата, а потоа нежно подигнете го црвениот прстен на надворешната страна со штрафцигер или сличен предмет и извадете го.Вратете ја назад млазницата на спрејот врз завртката и затворете го капачето.
2.Протресете го спрејот интензивно 2-3 минути за да добиете оптимално мешање на обоените пигменти.Направете тест прскање на весник или амбалажна хартија,за да се убедите дека не останале цврсти материи во вентилите и дека протокот на боја е рамномерен.Пред да почнете да декорирате исчистете ја основата од прав и мрсни дамки.
3.Започнете да прскте со спрејот кон предметот (на растојание од околу 10-30 см) во зависност од млазницата на спрејот,стискајќи цврсто. Држете го спрејот исправен и движете го рамномерно напред и назад.По првото прскање на интервали од 1-2 минути може да нанесете уште еден,два или повеќе слоеви,за да добиете рамномерно обоена површина.