3D Liner
220,00 ден – 260,00 ден
- Боја во туба за рељефен, кадифен и пуфкаст ефект
- На база на вода
- Погодна за текстил, хартија, картон, дрво, керамика, стакло
- Со фиксирање е отпорна на перење до 40 ° C
- Идеална за декорации, украси, линии
- 25 мл
Повекенаменска боја со набубрувачки ефект. Спакувана во практична туба од 25 мл, со тенок врв за нанесување. Погодна е за хартија, картон, дрво, керамика, камен, стакло, текстил (памук, лен, јута, свила и ткаенини кои во својот состав нема повеке од 20% на синтетички влакна). Може да се користи и врз обоени подлоги. Бојата е на база на вода, идеална е за украсување, линии, и разни декорации. Се продава во 18 различни бои.
Упатство за употреба:
Површината за сликање треба да е чиста и без прашина. Време на сушење најмалку 6 часа, во зависност од апликацијата. Бојата се набубрува со фен за коса (на највисоко поставување) или во претходно загреана рерна на 150°C со времетраење помеѓу 2-15 минути, во зависност од апликацијата, сè додека не изгледа мат и набубрена. Претходно проверете ја отпорноста на топлина подлогата!
За текстил (памук и мешани ткаенини со до 20% вештачки влакна), важно е да биде испран без омекнувачи. Бојата треба да се нанесе добро во текстилот, доколку не се врзе за подлогата можно е да падне при перење. Секогаш можете да направите корекција доколку се случи тоа. Нема да се познава разлика. По природно сушење (најмалку 6 часа), фиксирајте со пеглање од задната страна на мека подлога без притисок 2 до 3 минути додека бојата не изгледа мат и набубрена. Може да се фиксира и во рерна (види погоре). Така фиксирана бојата е отпорна на перење до 40 ° C. Да се пере и пегла од задната страна.
Доколку работите врз површина на која сте нанеле други бои, треба да бидат потполно суви пред да почнете со фиксирање на 3Д бојата.
На хартија за печење може да се цртаат било какви форми/линии и слично и да се сушат во рерна додека не набабрат. Лесно се вадат од хартијата и можете да се залепат со лепак на други материјали.
Колку е поголем наносот на боја толку повеќе набабрува.
Доколку сакате кадифен ефект на поголема површина, нанесете од бојата со гумен ваљак и оставете да се исуши природно.
Multi-purpose special effect paint in liner container. Suitable for many materials (paper, cardboard, wood, ceramic, glass, textiles with up to 20% man-made textiles). Water-based. Ideal for decorations, lines and ornaments. After iron fixing or oven fixing, textiles are washable up to 40°C.
3D-Liner: Multi-purpose effect paint in 18 colour shades for velvety puff or relief effects.
Instructions:
Ensure the painting surface is clean and free from dust. Drying time at least 6 hours, depending on application. Puff up the paint with a strong hair dryer (at highest setting) or in a pre-heated oven at 150°C. Duration between 2-15 minutes, depending on application, until it appears matt and raised. Check heat resistance of the painting surface first!
For textiles (cotton and mixed fabrics with up to 20 % man-made fibres), any finishes and fabric conditioners have to be washed out. Lightly press the liner into the fabric. After drying (at least 6 hours), iron each painted section from the reverse at cotton setting on a soft surface without pressure for 2 to 3 minutes until the paint puffs up matt and raised. Also suitable for oven fixing (see above). Afterwards washable up to 40°C. Wash and iron inside out.
When iron fixing, the 3D Liner can only be applied and puffed up after fixing the other paints and liners.
Туторијали/Tutorials:
- https://www.youtube.com/watch?v=3Pxrkucnhvs
- https://www.marabu-creative.com/en/instructions-handicraft-ideas/niedliche-baby-bodies-mit-marabu-3d-liner/
- https://www.marabu-creative.com/en/instructions-handicraft-ideas/froehliche-ostergruesse-auf-eiern-mit-dem-marabu-3d-liner/
- https://www.marabu-creative.com/en/instructions-handicraft-ideas/little-dress-with-snowflakes-and-marabu-3d-liner/
- https://www.marabu-creative.com/en/instructions-handicraft-ideas/knusperhaeuschen/
Тежина | Не е достапно |
---|---|
Боја 3Д Лајнер | 620 – Lemon, 621 – Medium Yellow, 622 – Pastel Yellow, 613 – Orange, 627 – Pastel Pink, 633 – Rose Pink, 631 – Cherry Red, 638 – Ruby Red, 635 – Pastel Lilac, 691 – Pastel Blue, 652 – Medium Blue, 662 – Light Green, 667 – Rich Green, 646 – Medium Brown, 678 – Grey, 670 – White, 673 – Black, 672 – Glow In The Dark |
Поврзани продукти
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет
Креативен свет