3D Liner
220.00ден
- Боја во туба за рељефен, кадифен и пуфкаст ефект
- На водена основа
- Погодна за текстил, хартија, картон, дрво, керамика, стакло
- Со фиксирање е отпорна на перење до 40 ° C
- Идеална за декорации, украси, линии
Повекенаменска боја со набубрувачки ефект. Спакувана во практична туба од 25 мл, со тенок врв за нанесување. Погодна е за хартија, картон, дрво, керамика, камен, стакло, текстил (памук, лен, јута, свила и ткаенини кои во својот состав нема повеке од 20% на синтетички влакна). Може да се користи и врз обоени подлоги.
Бојата е на водена основа, е идеална е за украсување, линии, и разни декорации. Колку е поголем наносот на боја толку повеќе набабрува.
Доколку сакате кадифен ефект на поголема површина, нанесете од бојата со гумен ваљак и оставете да се исуши природно.
Површината за сликање треба да е чиста и без прашина. Време на сушење најмалку 6 часа, во зависност од подлогата. Откако ќе се исуши може да фиксира со пегла или во претходно загреана рерна . Времетраење помеѓу 2-15 минути, во зависност од примената, сè додека не набабри. Претходно проверете ја отпорноста на подлогата на топлина!
За текстил (памук и мешани ткаенини со до 20% вештачки влакна), важно е да биде испан од омекнивачи. Бојата треба да се нанесе добро во текстилот, доколку не се врзе за подлогата можно е да падне при перење. Секогаш можете да аправите корекција доколку се случи тоа. Нема да се познава разлика. По природно сушење (најмалку 6 часа) , фиксирајте со пеглање од задната страна или врз хартија за пеглањеа без притисок 2 до 3 минути. Може да фиксирате и во рерна (види погоре). Така фиксирана бојата е отпорна на перење до 40 ° C. Да се пегла од задната страна.
Доколку работите врз површина на која сте нанеле други бои, треба да бидат потполно суви пред да почнете со нанесување на 3Д бојата.
На хартија за печење може да нацртате мали цветови, животни , звезди и слично и да ги сушите во рерна додека не набабрат. Лесно се вадат од хартијата и можете да ги залепите со лепак на други материјали.